Пратениците на најголемата тајванска опозициска партија денеска повторно ја зазема зградата на парламентот, откако претходно се истепаа со колегите од владејачката партија за да влезат во неа.
Опозициската Кинеска националистичка партија (КМТ) повторно протестираше против номинирањето на Чен Чу, блиска соработничка на претседателката Каи Инг за шеф на надзорно владино тело, пренесуваат британските медиуми.
Опозициските пратеници се судрија со членовите на владејачката Демократска напредна партија на скалите од парламентот, за на крајот да влезат во собраниската сала и да ја заземат говорницата во обид да го спречат оддржувањето на седницата за назначувањето на Чен.
Тајван е познат по честите тепачки во парламентот, а во 2014 година стотици студенти со недели беа во зградата за време на протестот познат како „Движењето сончоглед“.
Чен Чу во текот на својата политичка кариера мина шест години во затвор, откако во 1979 година беше уапсена како еден од најистакнатите дисиденти во „инцидентот во Каошуинг“, или попознат и како „инцидентот Формоза“.