Тепачка во италијанскиот Парламент поради закон за автономија на региони

by Fokus

Опозициски пратеник мораше да биде изнесен со количка од италијанскиот Парламент синоќа по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија. Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди бил турнат и соборен на подот од други пратеници во хаотични сцени во Долниот дом на парламентот, објавија италијанските медиуми.

Дебатата беше за законот за таканаречена диференцирана автономија на регионите предложен од десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.

Кога пред еден месец се расправаше во Сенатот, имаше вербални пресметки меѓу претставници. Но, сега опозициските парламентарци од Претставничкиот дом вееја италијански знамиња и ја пееја националната химна. Кога Доно се обиде да му го даде знамето на министерот за регионална администрација, неколку пратеници се упатија кон него и почнаа туркање. Претседателот на Домот ја прекина седницата.

Поврзани новости