Тепачка пред „Хемиско“, малолетник прободен со нож

by fokus

Попладнево се случила масовна тепачка меѓу две групи пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“, попознато како Хемиско.

Како што соопштија од МВР за „Фокус“, еден малолетник е прободен и пренесен на Клиника.

-Во 17,00 часот на бул„3-та Мак.Бригада“ имало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи . Со убодна рана се здобил У. Д. (17) и од страна на ИМП е пренесен во УЦ„Мајка Тереза“, велат од МВР за Фокус.

Поврзани новости