791
Попладнево се случила масовна тепачка меѓу две групи пред средното училиште „Марија Кири Склодовска“, попознато како Хемиско.
Како што соопштија од МВР за „Фокус“, еден малолетник е прободен и пренесен на Клиника.
-Во 17,00 часот на бул„3-та Мак.Бригада“ имало нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи . Со убодна рана се здобил У. Д. (17) и од страна на ИМП е пренесен во УЦ„Мајка Тереза“, велат од МВР за Фокус.