Тепачка помеѓу вработени во основно училиште во Јаболчиште

by Fokus

Тепачка помеѓу три лица, вработени во Основното училиште ,,Лирија” во Горно Јаболчиште се случила вчера, во училишниот ходник.

Лице со иницијали Џ.У. на возраст од 29 години, вработен како технички персонал во училиштето, пријавил во полиција дека бил физички нападнат од страна на М.Ш. (41) и Р.У. (37), сите од Горно Јаболчиште.

-Според информациите со кои располагаме, станува збор за лица кои не се дел од наставниот кадар, туку се вработени како технички персонал во училиштето, односно лицето кое го пријавило нападот е служител, за останатите немаме точни податоци на која работна позиција биле, но не се наставници. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Велес.
Вчера, исто така во велешко Горно Јаболчиште беше пријавена тепачка во која 44-годишна жена со стап истепала три лица, кога поради претходни недоразбирања отишла во нивниот дом, каде физички ги нападнала.

Денес пак, покрај тепачката во основното училиште во Горно Јаболчиште, актуелна е и веста за тепачка помеѓу две наставнички на возраст од 53 и 54 години во основно училиште во Кавадарци.

Основното училиште каде се случил настанот важи за едно од најсовремените во градот, и пред неколку години го доби признанието за ,,Најбезбедно и најчисто училиште”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости