1
Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на скопско се степале, соопшти МВР.
„На 24.11.2024 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско“, велат од полицијата.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.