Тепачка на фудбалски натпревар во Богомила: се тепале играчи и дел од публиката

by Fokus

На 17.03.2024 во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од с.Богомила и ФК Мартолци од с.Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости