Од МВР информираа за тепачката која синоќа се случила помеѓу две навивачки групи, при при што беше повредено едно лице.
-Вечерва околу 18:55 часот во СВР Скопје пријавено е дека од ул.”Васко Карангелески” во Скопје повеќе лица членови на навивачката група “Фемили” се упатиле во правец кон спортската сала “Јане Сандански”, каде претходно биле присутни група од околу 50 лица навивачи на КК “Работнички”, кои чекале влез на спортскиот натпревар.
Во еден момент помала група од навивачката група Фемили која се движела од ул.”Васко Карангелески” запалиле пиротехнички средства и се доближиле до другата група каде со употреба на физичка сила ја нападнале групата на Работнички, по што се одалечиле во различки правци, соопшти МВР.
Едно лице е приведено, а едно лице се здобило со повреди и истото со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ “Св.Наум Охридски” за укажување лекарска помош.
Инаку вечерва не играат МЗТ Скопје и Работнички, но нивните навивачки групи се судрија пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром.
„Сити Парк Бојс“ дошле да ги бодрат „црвено-белите“ на дуелот против Скопје.