664
Вчера вечерта, две момчиња од Скопје биле нападнати кај Бит Пазар, а едно од момчињата било повредено со нож и веднаш заминале во ГОБ „Наум Охридски“.
„На 15.04.2022 во 20.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар Е.Џ.(21) и Х.С. (20) биле физички нападнати од неколку лица, а Е.Џ. бил повреден со остар предмет. Двајцата околу 20.45 часот се јавиле на преглед во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде од доктор им се констатирани повреди. Истите изјавиле дека повредите им се нанесени од А.Д. и уште неколку лица, при што еден од напаѓачите испукал еден куршум во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.