Теодор Јовески го извади светиот крст од водите на Вардар во центарот на Скопје

by Fokus

Теодор Јовески успеа прв да стигне до светиот крст кој попладнево беше положен во осветените води на реката Вардар во центарот на Скопје.

На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

Поврзани новости