Тео по две години доби електрична количка

by fokus

Тео Богоевски кој речиси две години со помош на хумани граѓани собираше пари за да набави електрична количка за да може самостојно да се движи, денеска ја оствари својата цел.

-9 Јули 2017 постирав статус прашувајќи како се прави хуманитарна акција за електрична количка. Благодарејќи на сите прекрасни луѓе еве го и тој ден. По неполни 2 години седнав на неа. Не можам со зборови да Ви го опишам чувството, сеуште сум во шок. Значи, си подесувам позиција на нозе, грб, висина, се легнувам, поткачувам, не ме труцка веќе кога возам, можам да сменам положба да не се здрвувам по цел ден, качувам тротоари, спуштам стабилно, додека се возам во комбе е стабилна, менувам канали на тв, палам клима со џоистикот, луѓе ме напраивте 100% посамостален. Во понеделник ќе дојдат стручњаци од Хрватска и Словенија да ме упатат со програмите што ги има, и потоа ќе направам и неколку видеа да Ви презентирам. Но не можев да чекам до понеделник да Ви споделам. Фала Ви за секоја порака, убава мисла, за секоја донација, за секоја љубов со која направивте да уживам во собирањето средства. Фала за преубавите моменти и дружби за убавите желби за насмевките кои ги споделувавте со мене. Irena Ristic фала ти, без тебе ова ќе беше само сон. Голема благодарност до LC Debarmaalo Debar Maalo кој помогна во реализација на најубавата забава на 6ти 6ти кај Тео на фешти. Благодарност до сите кои учествуваа на истата, Сашко Коцев, Џокси, Бени Нон стоп, Миле Антена, Стефче Стојковски, Нокаут кој од самиот почеток ја следат хуманитарната акција и имаат голем удел во реализација на оваа хуманитарна акција. Книжарница ТРИ кои ја испечатија мојата прва книга. Фала KantinaChe Cafe BarBalet,ATK Premium ClubRock Kafana Rustikana 2.0… Frosina Remenski Mila Carovska Edmond Ademi Саша Богдановиќ Filip Temelkovski Dragi Raskovski Adnan Dzaferoski Goko Kotevski Dusko Cifliganec кои со своето присуство ми укажаа голема чест, а воедно ја кренаа свеста за потребите на лицата како мене. Благодарам на сите, се извинувам доколку некого испуштив премногу сум збунет. Ве гушкам со цела рака, објави Тео.

Поврзани новости