407
Шефот на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Советот за безбедност на ОН изјави дека тензиите во источна Украина веројатно почнуваат да се намалуваат.
Јашар Халит Чевик, шефот на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина, истакна дека од синоќа до утринава имало околу 500 експлозии
– По 11.20 часот (денеска претпладне) забележавме околу 30 експлозии, па се чини дека тензиите стивнуваат, нагласи Чевик на седницата на СБ на ОН посветена на ситуацијата во и околу Украина.