Група родители на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка кои трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на Министерството за образование да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката, а полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор.
„Дојди дојди, директорке, како не ти е срам , ѓубре едно“, „Удрете ја, турнете ја, оваа го направи ова“, „Уаа предавничке“, извикуваа родителите во Чашка кои поради одлуката на министерот Јетон Шаќири три недели со жив штит го чуваат влезот на училиштето.
Родителите на учениците не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која ја одобри МОН, а ја прифати директорката.
Како што соопшти министерот за образование Јетон Шаќири, вчера на средба со него родителите побарале тие ученици да учат во селото Сливник кое се наоѓа на околу 11 километри од Чашка. Министерот не го прифатил тоа.
-Последната нивна точка беше тие деца што сакат да следат настава на албански јазик, да продолжат во село Сливник, кој е во општина Велес. Јас не прифаќам такви барања. Додека тоа е уставно право на секој, гарантирано во тоа училиште, сакам да апелирам до сите граѓани на земјата, дека тие деца не се ниту политички субјекти, но не знаат ниту политички партии, ниту за парламентарни избори, ниту за локални, за некој да им го скрати нивното уставно право за да учат на албански јазик, вели Јетон Шаќири.