Тензии пред албанскиот Парламент, маж облечен како Скендербег се обиде да влезе во дворот

by Fokus

Речиси идентична ситуација во и пред албанскиот Парламент, како и во понеделникот, внатре тензична ситуација со блокирање на собраниската говорница од страна на пратеници приврзаници на Сали Бериша. Додека пред Парламентот има протест и обраќања преполни со обвинувања за премиерот Еди Рама, а беа фрлени и неколку димни бомби на одредена оддалеченост од полицискиот кордон.

Протестот по масовност е многу помал и не се регистрирани поголеми инциденти. Пред Парламентот се појави и маж облечен во национална албанска облека на бел коњ (како што бил на Скендербег) и се обиде да влезе во дворот на Парламентот, но беше сопрен од полицијата.

Бериша, кој е меѓу 12. демократски пратеници, негови приврзаници, исклучени по десет дена од работата на законодавниот дом, поради недолично однесување во собраниската сала, пред насобраните граѓани, обвини дека „Парламентот е бункер на забранетиот збор“, и порача дека „овој протест е револуција на секој Албанец“.

Поврзани новости