447
Мошне тензично е во српското Собрание на седницата за Косово и Метохија и состојбата е на раб од избивање инцидент.
Причина за тоа се пратениците од опозицијата кои извикуваа „Нема да го дадеме Косово“ со што го прекинаа говорот на првиот човек на Србија, Александар Вучиќ.
На инцидентот му претходеше говорот на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој повика на отфрлање на француско-германскиот план за, како што наведе, „да се спречи претседателот да ја предаде Србија“.