Тензично во албанскиот Парламент, прекината е собраниска седница поради фрлање предмети кон претседателката

by Fokus

Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом, фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето.

Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, побараа на седницата да присуствува премиерот Еди Рама.

Тензиите започнаа откако претседателката му даде збор на министерот за односи со Парламентот, Таулант Бала.

Прв кон говорницата се упати демократот Фламур Нока, а потоа и останатите пратеници на ДП, се пробија низ обезбедувањето и го извлекоа микрофонот.

Поради тензичната ситуација претседателката Елиса Спиропали ја прекина седницата.

Поврзани новости