Косовската полиција вечерва соопшти дека ги затворила премините Брњак и Јариње за патнички сообраќај и возила.Во соопштението објавено на Фејсбук страницата на полицијата се наведува дека премините се затворени поради блокадите на патиштата кон Јариње и Брњак. Граѓаните се известуваат за сообраќај да користат други премини.
По најавата на Приштина дека од утре ќе почне примената на одлуката за пререгистрација на возила и лични карти, граѓани од северот на Косово на неколку локации во северно Косово поставиле барикади, јави Н1.
Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, за порталот Косев, инфо потврдил дека има блокада во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе.
– Имаше блокада на патот во Зубин Поток кај Вараге и во Рударе. Наводно се раширила лажна вест дека општината ќе биде блокирана од специјални единици, што апсолутно не е точно и нема таква намера, изјави Бесим Хоти за Косев.