665
И кога се доби впечаток дека ТВ дуелот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски може да има барем достоинствен крај, сепак тоа не се случи.
Најпрвин, Заев му подари на Мицкоски значка со знамињата на Македонија и НАТО и рече дека тоа е нешто за кое и двајцата се залагале, а и гласале.
Мицкоски го прифати подарокот и му „возврати“ со подарок Луј Витон паричник. Заев го одби подарокот како некултурен потег и рече дека со ова се видело кој какви намери има.