Ѓоковиќ за победата над Манарино: Првите два сета беа едни од најдобрите по долго време

by Fokus

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ги сподели емоциите откако го совлада Французинот Адријан Манарино во четвртото коло на Австралија опен – 6:0, 6:0, 6:3.

По овој меч, Ѓоковиќ се искачи на второто место по бројот на сетови без изгубен гем на Грен слем турнирите.

– Адријан е многу необичен играч, секогаш е тешко со него. Тој одлично ги користи аглите и има еден од најрамните, најконстантните бекхендови на турнеја. Натпреварите со него се секогаш како мачка и глушец, па морав да трпам долги размени и да го бркам низ теренот – што и го направив. Генерално одлична изведба. Првите два сета беа едни од најдобрите по долго време. Последните неколку дена работите се одвиваат многу добро – и на здравствен и на тениски план. Многу ми е мило, изјави Ѓоковиќ по натпреварот.

Во четвртфиналето на Австралија опен, Србинот ќе игра против Тејлор Фриц (САД), кој во осминафиналето го победи Гркот Стефанос Циципас.

Поврзани новости