Тендер и 5.000 денари за дрвото кое ќе го замени Ќосето

by fokus

За дрвото кое ќе се засади на местото на кое беше споменикот на Ќосето ќе биде распишан тендер, а ќе чини околу 5.000 денари.

Од Град Скопје не прецизираат кога точно ќе биде поставено дрвото, бидејќи се уште се чека да се отвори тендерска постапка.

На постамент до дрвото ќе биде изгравиран членот 10 од универзалната декларација за човекови права на Обединети нации, кој се однесува на правото на праведно судење.

Поврзани новости