Температурите до 35 степени, кон крајот на неделата услови за пороен дожд

by Fokus

УХМР најавува дека следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела, како што информира, ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Утре минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне 35. Во Скопје утрото ќе биде посвежо, 10 степени, а преку ден 32.

До петок утринските температури ќе бидат од 4 д- 17 степени, а дневните меѓу 25 – 34.

Поврзани новости