102
Температури под минус 50 Целзиусови степени се измерени денеска во три региони на Јакутија во источен Сибир, соопшти хидрометеоролошката служба.
Во Верхојанск се измерени минус 53, а во Ојмјакон минус 52 Целзиусови степени, пренесува РИА Новости.
Јакутија е територијално најголемиот конститутивен ентитет на Руската Федерација со статус на република и ја зафаќа целата област на Источен Сибир.
Главниот град на Јакутск е најстудениот од сите поголеми градови во светот во зима, а Ојмјакон е познат како најстуденото населено место на Земјата.