Температури и над 40-тиот степен, Македонија од денеска во портокалова фаза

by fokus

Македонија од денеска до сабота ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза. На одредени места низ Македонија се очекува температурите да го надминат 40-тиот степен.

Поради високите температури, министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Се препорачува исто така во овој период од денот да не се одржуваат и спортски активности.

На граѓаните им се порачува да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се заштита од директна сончева изложеност, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поврзани новости