Времето во земјава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 6, а дневната од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претпладне значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 10 степени.
До вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник, кога ќе дува умерен, а во вторник и среда засилен ветер од северен правец. Стабилизирање на времето ќе има во среда со ниски утрински и дневни температури.