495
Претседателот на универзитетското собрание на УКИМ, Славчо Темелковски, во гостувањето во Топ Тема на Телма говореше за актуелната состојба со студентите и најавените мирни протести.
Тој додаде дека е оптимист за усвојување на решение за студентскиот оброк кое ќе биде системско и долгорочно.
„Ние предлагаме легитимни решенија кои можат да се адаптираат и применат. Секогаш е подобро да се донесе едно решение кое ќе биде системско и долгорочно. Притоа нема да има потреба од постојани законски измени, кои можат да бидат кочени“, рече Темелковски.