509
Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ смета дека многу шпекулации се шират со ситуацијата околу Охис, која е во центарот на вниманието поради истекувањето на линданот кон крајот на минатата година.
„Ние пред една недела имавме информативна трибина за Охис, за да бидат и граѓаните и медиумите запознаени што точно се случува во Охис. Има премногу шпекулации, никој не спомнува дека половина од опасните материјали кои беа во Охис се препакувани и пратени во странство за уништување“, истакна Темелковски