438
Едмонд Темелко по три освоени мандати, вчера ги изгуби изборите во Албанија, односно нема повеќе нема да биде градоначалник на Пустец. Нов градоначалник во областа Мала Преска, каде што живее македонско население, е Пали Андон Колефски од Социјалистичката партија.
Тој на вчерашните локални избори освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат Едмонд Вангел Темелко, од Македонска алијанса за европска интеграција, освои 859 гласови или 33,16 отсто.
Тресет и девет годишниот Колефски родум е од Пустец а живее во Корча, оженет е и татко на две деца. Тој е дипломиран економист и е вработен во Царинската испостава во Корча.