Телото за помирување ќе расправа за Предлог законот за амнестија

by fokus

Интерпартиската парламентарна група за помирување, интеграција и реформи денеска ќе го одржи третиот состанок на кој се очекува да биде разгледан Предлог законот за амнестија што го изготви Подгрупата за помирување.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи Подгрупата за помирување, по минатонеделниот состанок изјави дека е постигнат консензус за законот и со него нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

-Сeкое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понтамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан, посочи Рамчиловиќ.

Поврзани новости