Телото на убиениот во Приштина е предадено на обдукција во Инстутутот за судска медицина, се вели во денешниот полициски извештај на косовската полиција.
-Засега непознати осомничени пукале од огнено оружје во маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегоа на лице место, каде забележале дека лицето се наоѓа во автомобил со регистерски ознаки на Република Северна Македонија, а надлежниот лекар констатирал дека лицето кое се наоѓа во автомобилот е без знаци на живот. На околу еден километар од местото на инцидентот е пронајден запален автомобил со германски регистерски таблици и има сомнеж дека осомничените побегнале од лице место. По налог на државниот обвинител безживотното тело е предадено на обукција, истрагата продолжува, се наведува во соопштението.
Автомобилот со германски регистерски таблици беше пронајдено запалено на околу еден километар од местото на убиството.
Според првичните информации откриено е дека станува збор за Бљерим Даци и имал лажни документи кој ги користел и биле на име Бљерим Шабани.
И Индекс онлајн повикувајќи се на неофицијални информации јавува дека убиениот е поврзан со убиството што се случи во близина на скопското кале, односно во „Шиша бар“.