61
Телото на Алексеј Навални и е предадено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармиш.
Таа изјави дека датумот на погребот ќе биде одреден подоцна.
„Не знаеме дали властите ќе се мешаат во извршувањето на погребот онака како што сака и заслужува семејството. Им благодариме на сите што инсистираа на ова барање со нас“, изјави Јармиш на платформата Икс (Твитер).
Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија на 16 февруари, побара од руските власти претходно денеска да го предадат неговото тело за да го погребаат.
Таа додаде дека семејството сака да го погреба Навални во согласност со православните обичаи.