Телото на починатиот Мемет Кембер денес ќе биде предадено на семејството, соопшти невладината „Ромалитико“. Тој почина пред три недели не успевајќи да добие медицинска помош, бидејќи нема документи и го нема во системот.
Од здружението велат дека протестот кој беше најавен за утре пред Собранието нема да се одржи, но дека и натаму гласно ќе ги застапуваат проблемите на граѓаните кои ги нема ви системот.
„Ја известуваме јавноста дека телото на младиот Мемет Камбер денес ќе биде предадено на роднините. Известуваме дека најавениот протестот пред Собранието нема да се одржи, Бидејќи телото ќе биде предаде. Ромалитико ќе продолжи и понатаму гласно да ја застапува проблематика, да бара измена на потребната законска регулатива и доследно третирање на овие лица од сите институции“, соопшти „Ромалитико“.
Невладината организација очекува од пратениците на Собранието денес да ги разгледаат понудените измени и дополнувања во Законот за матична евиденција, да ја сфатат ургентноста на решавањето на прашањето на лица без извод од матична книга на родени и понатака да ги усвојат измените.
„Им благодариме на медиумите за нивната проактивност и очекуваме од нив и понатака да бидат заинтересирани за оваа проблематика. Ваквите случаи да не се повторат“, соопшти „Ромалитико“.