Тело на бебе пронајдено на депонија во Љубљана

by Fokus

Тело на бебе е пронајдено денеска на депонија во Љубљана, а околностите за смртта на детето се уште се истражуваат, пишуваат словенечките медиуми.

Љубљанската полиција во попладневните часови добила информација за останки на бебе пронајдени во месноста Шишка, соопшти вечерта нејзината претставничка Александра Голец.

Извршена е истрага, а полицијата работи на утврдување на сите околности на смртта. За наодите известени се дежурниот истражен судија и државниот обвинител, пренесува „Дело“.

Порталот „24 сата“ неофицијално јавува дека бебето е веќе подолго време мртво.

Како што пишува порталот, бебето наводно било пронајдено завиткано во крпа.

Поврзани новости