563
Телото на 64-годишната Ц.П. од Кочани било вчера најдено во реката Оризарска, кон с.Речани-кочанско, информираа од полицијата.
„На 07.06.2019 во 15,15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во реката „Оризарска“, кон с.Речани-кочанско забележано било женско тело. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и констатирано било дека се работи за Ц.П.(64) од Кочани и утврдена е смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за одбукција, а потоа предадено на семејството“, соопштија од МВР.