Трагите на фирмата Балкан петролеум која сака да го преземе Макпетрол, завршуваат во фирми кои се регистрирани на малата оф-шор држава Британските Девствени острови,открива Телма.
Документите до кои дојде медиумот, покажуваат дека зад понудувачот за Макпетрол, стојат две фирми: „Далиа Глопал корпорејшн” И „Воландес асетс корпорејшн”.
И двете фирми со по влог од по 500тина евра во Кипар отвориле нова компанија Даволиа. Таа пак, 11 дена подоцна во Лондон, ја отвора фирмата Балкан петролеум холдинг. Десетина дена по основање, Балкан Петролеум објавува понуда за преземање на Макпетрол.
Далиа глобал и Воландес асетс се карипски фирми затворени пред 3-4 години, но годинава повторно се појавиле во кипарскиот централен регистар. Далиа глобал била панамска фирма, а Воландес работела од Бахамите.
Двете фирми зделката ја почнале од девствените острови во Карипското Море,криејќи ја трагата преку фирмата во Кипар, за подоцна со капитал од илјада евра, во Лондон да ја отворат Балкан Петролеум, која сега испраќа понуда за Макпетрол.