Телма: Истрагата за случајот во Куманово води кон кризниот штаб

by fokus

Истрагата на државниот инспекторат за случајот Куманово води кон членовите на кризниот штаб, објави Телма.

Според информации на телевизијата прекршокот кој е сторен е на ниво на оној со директорката на Кожната клиника и на скопјанецот кој не ја откри вистината во епидемиолошката анкета.

Сепак во овој случај, велат изворите се вклучени уште поголем број на луѓе кои најверојатно го прекршиле здравствениот протокол.

Настанот кој го истражуваше инспекторатот се случи во среда на 15 ти април во Куманово. На седницата на кризниот штаб ден по тоа се утврди дека присуствувале петмина меѓу кои и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, кои чекале резултати за корона вирус, а по ова излегоа позитивни.

Поврзани новости