852
Сума од 5 милиони евра преку Македонска банка за поддршка на развој најверојатно ќе биде ставена на располагање на компаниите, како една од брзите мерки за справување со кризата од корона вирусот, дознава Телма.
Идејата е компаниите од најпогодените сектори да имаат пристап до кредити не поголеми од 50 илјади евра , со симболична каматна стапка. Сепак, со оглед дека земјата е во предизборие се бараат начини како да се овозможи реализација на мерката, со оглед дека се зависи од ставот на Антикорупциската комисија.