656
Постои можност телевизиите 24 вести и ТВ 21 да влезат во друштвото на големата петорка – Телма, Канал 5, Сител, Алфа и Алсат, бидејќи бараат да добијат национална концесија, јави Призма.
„Точно е дека двете телевизии поднесоа барање. Доколку има јавен конкурс, ќе може да конкурира било кој. Двете телевизии немаат предност, туку се само иницијатори“, велат од Агенцијата.
Ако добијат терестријална дозвола, тие ќе можат да зрачат пошироко и ќе имаат поголема покриеност, ќе влезат во трката за реклами со останатата петорка, а секој оператор ќе мора да ги стави во својот пакет програми.