Телеком донира мобилен интернет на 30.000 деца за онлајн настава од социјалните семејства

by Fokus

Македонски телеком“ ќе донира картички со мобилен интернет од 10 ГБ месечно за децата од социјалните семејства со цел да можат да се вклучат во онлајн-наставата, информираа од Владата.

На прес-конференција министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски изјави дека потпишале договор за донација од 18.400 картички за мобилен интернет, кој ќе биде наменет за пристап само до платформите за учење.

Директорот на „Телеком“, Никола Љушев, порача дека со донацијата ќе бидат опфатени 30.000 основци и средношколци кои доаѓаат од семејства во социјален ризик.

 

Поврзани новости