Телефонски разговор Радев-Мицотакис

by Fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис телефонски разговараа за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, соопшти прес-секретаријатот на шефот на бугарската држава.

Освен за евроинтеграцијата, се разговарало и за билатералното партнерство меѓу Бугарија и Грција и соработката за надминување на последиците од епидемијата на коронавирус во двете земји.

Двајцата соговорници изразиле заеднички став дека политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е вистинска инвестиција во стабилноста на регионот. Затоа, според Радев, потребна е непоколеблива поддршка за спроведување на неопходните реформи во земјите-кандидати за исполнување на критериумите од Копенхаген за пристапување во ЕУ.

„Градењето вистински односи на добрососедство е најбезбеден и најбрз начин да се постигне полноправно членство во Европската Унија“, рекол Радев.

 

Поврзани новости