608
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа имал телефонски разговор со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис за продолжување на одличните односите меѓу двете држави.
Од кабинтетот на Трамп му честитале на Мицотакис за изборот и се согласиле за потребите за продлабочување на односите на САД и Грција.
Мицотакис исто така разговарал и со американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Според грчките владини извори, во разговорот кој траел над 20 минути станува збор за суштински прашања и двете страни се договориле за дополнително продлабочување на веќе добрите односи.