531
Белата куќа соопшти дека американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин телефонски разговарале за кризата околу Украина.
Не се соопштени детали од речиси едночасовниот разговорот.
На разговорот Бајден – Путин му претходеа разговорите помеѓу американските и руските министри за надворешни работи и за одбрана.
Путин за Украина денеска имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а Бајден синоќа одржа виртуелен разговор со сојузниците од НАТО и од Европска Унија.