Телефонски броеви на кои треба да се јават граѓаните со симптоми на корона вирус

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче пред дваесетина дена објави телефонски броеви на кои граѓаните треба да се јават доколку имаат симптоми на корона вирусот.

-Потсетуваме дека за контакт по пристигнување во територијата на Република Северна Македонија и при сомнителни симптоми налик корона вирусот патниците да се пријават на броевите за контакт кои се поделени во региони:

 

Во земјава досега се регистрирани седум случаи на заболени од корона вирус, откако вчера присуството на Ковид-19 беше регистрирано кај директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, а подоцна Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти вчера попладне, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни.

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, која пред една недела се вратила од Италија, не се пријавила во здравствените служби, изминатите денови одела на работа, а викендот дури одржала и стручно предавање за дерматовенеролози на кое присуствувале 103 лица од кои дел биле вработени на Клиниката.

– Во домашна изолација се 64 здравствени работници од Клиниката за кожни болести и 24 пациенти од кои 11 биле хоспитализирани на Клиниката, а 13 се лекувале во Дневната болница. Клиниката ќе биде затворена 14 дена, а директорката ќе биде суспендирана, бидејќи не се пријавила кај службите дека се вратила од Италија. Се чекаат резултати од тестирање на коронавирусот за осум лица, кои немаат поврзаност со заболената директорка, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, поради брзото ширење на коронавирусот од вчера цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето е строго ограничено. Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само вчера се потврдени 1.592 новозаболени од Ковид-19.

Поврзани новости