Телефонот на пратеникот Реџепи е исклучен, никој не знае каде е

by fokus

Пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието, „исчезнал“ од утринава, односно како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, тој го исклучил телефонот, а не бил ниту дома.

-Пратеникот го нема никаде, не е достапен, ниту е присутен дома, никој од семејството не се јавува, исклучени сите телефони, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Без овој пратеник опозицијата нема доволно гласови за да изгласаат недоверба на Владата.

Поврзани новости