Телата на загинатите деветмина терористи, косовски Албанци, кои пред две недели загинаа во престрелките со македонската полиција во Куманово, денеска ќе бидат предадени во Приштина на нивните семејства.
Меѓу нив се и телата на двајцата водачи на таа група, според МВР, Мирсад Ндрецај – командант Нато и Бег Ризај – командант Бег.
Обдукцијата е веќе завршена, а резултатите се уште не се објавени.
Според обвинителство, ќе бидат предадени телата на Џафер Зимиери, Бег Ризај, Мирсад Ндрецај, Валон Кабашија, Тургај Гашија, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.
Според првичните информации на МВР, во Куманово загинаа 14 терористи, но подоцна обвинителството излезе со друг податок, односно истакнаа дека во престрелката загинале десет терористи.