469
Телата на тројцата починати Македонци од сообраќајката кај Лесковац денеска ќе бидат пренесени во Македонија, а 15-мина се уште се наоѓаат на лекување во Ниш и Лесковац.
-По завршената обдукција во Лесковац, тројцата починати од сообраќајната несреќа, 68-годишната К.К од Кочани, 68-годишниот маж В.Ш.од крушевското село Бучин и 63-годишната В.К од Кавадарци денеска ќе бидат транспортирани за Македонија.
12 лесно повредени патници и двете деца, кои беа сместени во хотелот „Апостоловиќ“, во Лесковац, вчера организирано беа префлени во Македонија.
Од болницата во Лесковац пуштен е на домашно лекување уште еден од повредените Македонци, така да во оваа болница се наоѓаат седум полесно повредени патници.