Текстилни работнички работеле 13 години, без да знаат дека газдата им плаќал придонеси на половина работно време

by Фокус

Четири работнички во една штипска текстилна конфекција работеле 13 години со полно работно време, а нивниот поранешниот работодавач придонесите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување им ги плаќал само на половина работно време, објави на денешната прес-конференција претседателот на регионалната канцеларија на ССМ-Штип, Горан Трајков.

– Работниците кои се охрабрија да зборуваат доаѓаат од фабрика во која се вработени околу 200 работници. Правиме темелни проверки преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде што работниците си ги вадат овие документи, прегледи за да може да утврдиме дали сите работници биле осигурани на скратено работно време, односно на 20 часа неделно. Во самиот старт може да заклучиме дека станува збор за четири работници, кои се изненадени од ситуацијата – вели Трајков.

Овој случај претставува најголема измама и манипулација врз текстилните работници, кои сосема случајно ја откриле. Имено, работничките пред извесно време дале отказ во конфекцијата, во која биле вработени 13 години. Новиот сопственик откако ги вработил им посочил дека сега тие кај него се вработени на полно наместо на половина работно време кај поранешниот соственик.

 

Поврзани новости