664
Пејачката Тејлор Свифт се верила со своето момче, актерот Џо Алвин, со кого е во хармонична врска повеќе од пет години, објави британскиот таблоид The Sun.
Парот наводно решил да ја чува информацијата во тајност.
Според споменатиот весник, Тејлор вереничкиот прстен го носи само зад затворени врати, а за веридбата ги информирале своите најблиски пријатели и семејството.
Тие почнаа да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако се сретнаа на Мет Гала во Њујорк.
-Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие се верени веќе неколку месеци, но им кажаа само на најблискиот круг на луѓе – буквално само на семејството и старите пријатели на кои им веруваат. Сите положивме заклетва на тајност, изјавил изворот на весникот.