605
Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената модуларна болница во Тетово. Оттаму ќе го вештачат објектот кои за само неколку минути целосно изгоре на 8 Септември, пренесува ТВ 24.
Тоа подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди.