Техничкиот премиер Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер

by fokus

Tехничкиот премиер, Оливер Спасовски денеска испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер, Олексиј Гончарук по веста за трагичната авионска несреќа.

– Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот „Боинг 737“ што се случи во близина на техеранскиот аеродром и во која животот го загубија повеќе од 170 лица. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите, е наведено во телеграмата испратена од премиерот Спасовски до украинскиот премиер Гончарук.

Поврзани новости