Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски денеска остварил средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство Скопје.
Како што информираат од МВР, на средбата се разговарало за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу МВР и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во контекст на гонење на криминалот, независно од тоа што во моментот владее техничка влада задолжена за спроведување на избори.
Исто така, од страна на министерот Тошковски била потенцирана заложбата за обезбедување на фер и демократски избори, па во таа насока МВР и ОЈО Скопје треба да бидат гаранција за безбедноста на изборите кои не очекуваат и сите противзаконски активности насочени кон рушење на кредибилитетот на изборниот процес да бидат соодветно санкционирани согласно законот.